ФОТО: Одбележан Денот на рибарите во Охрид

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид вчера  се одбележа празникот Свети Јован Крстител. Тајфата на среќниот фаќач на Чесниот крст,  на Сараиште повторно се капеа во  студените води на Охридското Езеро. Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Охриѓани велат дека со голема радост го чекаат празнувањето на овај ден кое и покрај тоа што во одреден период било забранувано, опстанало како вековна традиција.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани