ФОТО: Охрид тагува, свеќи и цвеќе за жртвите во Кочани

Стотици запалени свеќи, цвеќе и пораки со почит за жртвите во Кочани. Охрид денес тагува. Средношколците со мирен марш од своите училишта утрово се упатија на охридскиот плоштад. Велат тагуваат за своите врсници, болката е голема за прерано згаснатите млади животи.

–Со овој мирен и тивок собир денеска ние средношколците од Охрид достоинствено даваме почит за изгубените млади животи и поддршка на нивните семејства. Ваква трагедија никогаш да не се повтор Иво Георгиевски претседател на Младинска заедница во ОСУ Свети Климент Охрид.

Денеска оддаваме почит на жртвите и нашите врсници соученици од Кочани кои погинаа во овој трагичен настан Денешната цел е да искажеме сочуство и да тагуваме за нашите врсници врзници кои го загубија живтот,. вели Арсен Горшевски претседател на заедница од ОЕМУЦ Охрид.

Од оваа голема трагедија, во која знгаснаа 59 соништа, желби, мечти и планови  треба да извлечеме поука сите. Потребни  се промени, кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина за сите во ова општество.

– Ова е тага за Македонија ова е трагедија на Македонија и треба да ја почитуваме. Затоа направивме молк Се собравме затоа што и ние сме толку години како нив, загинаа мали деца ова е многу тажно. Затоа се собравме да оддадеме почит, вели  Анастасија Атесленко средношколка

– Тука сме да ја покажеме нашата тага ние како млади со цел да смениме нешто од овде е почетокот на една промена. Ова е еден мирен марш кој го организиравме,  а според ситуацијата ќе видиме и ние како реагираме. Кој сака слободно нека дојде на охридксиот плоштад да изрази сочувство, цвеќињата свеќите и постерите ќе останат овде деновиве. Ние остануваме овде во текот на денот. Многу ни е жал што ни се случи ова во нашата држава и се надевам дека ќе успееме нешто да промениме, вели Ивана Котеска средношколка од Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани