ФОТО: Првото женско, по него и машко бебе во Охрид 

На гинеколошкото одделение се роди првото бебе во Охрид, здраво женско новороденче тешко 4 180 гр. По него се роди и второто машко здраво бебе од Кичево. Во текот на денот се очекува да се чуе плачот и на уште едно бебе. И мајките и бебињата се во одлична состојба.

 

Се верува ќе имаме плодна и бериќетна година.

 

-На одделението за гинекологија родени се две новороденчиња. Првото е женско тешко 4180 гр долго 52 смВтотото е машко тешко 3480 гр и долго 51 см. Од мое име и вработените во ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ОХРИД сакам да се заблагодарам на сите граѓани и до службите на СВР Охрид за делумно мирнат ноќ што ја имавме без големи нарушувања на редот и мирот . И се надевам дрка и следните денови ќе ги минеме во свечена празнична атмосфера, изјави д-р Горан Маркоски директор не охридската болница.

Градоначалникот традиционално денес ги посети и ги даруваше родилките и новороденчињата.

– Ги дарувавме и првороденото и оние кои се родени на после 12 ч. досега имаме две родени бебиња. Понатака ќе видиме имаме дежурна екипа, се надеваме на бериќетна година на дечињата им посакувам здравје и убави мигови со семејствата, рече градоначалникот Кирил Пецаков .

Новогодишна ноќ во Охрид мина релативно мирно. Регистрирани се само неколку инциденти, и тоа групна тепачка меѓу пет српски туристи во ноќен клуб кои биле веднаш приведени. Случен е уште еден физички напад врз едно лице во Охрид. За среќа не е регистрирана ниту една сообраќајна несреќа. И што е најважно ниту една жртва. Екипите на Брза помош имаа 30 повици и 5 интервенции пружање помош на алкохолизирани лица.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани