Во спортската сала „ Билјанини иззвори“ , синоќа со атрактивна детска програма, ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ го одбележа својот патронен празник, 7.Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид.
На свеченоста се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.-Особено сум почестен, што вечерва сум со Вас , во оваа сала полна со детски жагор, среќа и креативност.Честит нека биде патрониот празник на Јавната општинска установа- Детска градинка „ Јасна Ристеска“, со желби за многу успеси и јубилеи и што повеќе дечиња кои ќе ја почуствуваат убавината на престојот, дружењето и воспитувањето во детската градинка.
Човек не може да остане рамнодушен од оваа атмосфера во која татковците и мајките кои како деца биле во градинката „ Јасна Ристеска“, вечерва како родители се дојдени да ги погледаат и да се радуваат на креативните настапи на своите синови и ќерки. Токму преку креативните програми во кои учествуваат децата може да се види и пофали работата на воспитувачите и сите вработени во градинката.
Јас како градоначалник , заедно со моите соработници , ветивме и ќе ги остваруваме ветувањата , дека и покрај потешкотиите, посебно внимание ќе посветиме на најмладите и на нивното згрижување и воспитување. Ќе вложуваме во подобрувањето на условите, зголемувањето на капацитетот и кадровското екипирање на Детската градинка „ Јасна Ристеска“ .Се надеваме дека во соработка со надлежните органи на Владата , постојано ќе внесуваме нови, современи и проверени практики кои ќе придонесат за подобра грижа и воспитување на најмладите.
Оваа специфична убавина и амбиентот, во кои главна улога имаат најмладите е нашата иднина, затоа посебно Вам, на најмладите Ви посакамувам здраво, среќно и весело детство- рече граадоначалникот Јован Стојаноски.