Со зурли, тапани, песна и оро синоќа свечено беше отворен првиот етно ресторанот „Дедо Димо“ во селото Куратица.
Надалеку прочуеното охридско село конечно добие современо уреден, традиционален етно ресторан за забава и добра храна за бројните туристи.
Сопственикот на ресторанот Горан Ангелоски за Охриднет вели целта на овој етно ресторан е главно да го развиваме руралниот туризам и да не се доволи селата да изумираат.
-„Ќе понудиме традиционална македонска селска храна, но ќе имаат можност и за алтернативен туризам и мнгоу забава. Приказната за Куратица ја надоградуваме од ден во ден и еден ден веруваме ќе бидеме успешна приказна.“
Бројните туристи кои го посетуваат ова прекрасно село, во нов етно топол амбиент ќе може да уживаат во вкусната македонска храна. Ѓомлезе, селски манџи, мазници, пити и други специјалитети подготвени на традиционален начин од органски земјодески производи набрани од локална градина ќе бидат вистински магнет за бројните гости.
-„Ова е првиот етно ресторан. Се работи за семејна идеја, ние сме печалбарско семејство уште во деведесетите години бевме Швајцарија.КОга видовме дека Алпите може да функционираат и нас ни „светна сијаличката“. Нашата цел е да се распали старото огниште во родното село. Ќе понудиме нешто изворно нешто наше“, додава Ангелоски.
Ресторанот „Дедо Димо“ го доби името од прадедото на сопственикот кој живеел во Куратица и го штител селото.
.jpg)
-„Има една интересна случка. Натрапници еднаш од стадото му зеле една овца на дедо Димо. Кога разбрал веднаш знаел дека овцата е во ливадите во село Злести. Отишол таму и чекал натрапниците убаво да ја зготват овцата. Во тој момент се рапукал, арамиите избегале а Димо си ја земал овцата и ја вратил во Куратица каде се нагостиле со соселаните“, раскажува гордо Ангелоски за итроштините и храброста на неговиот прадедо.
Инаку село Куратица е надалеку познато по јавањето магариња во живописната природа, но и оф роуд авантурите. Во зима скијање и возење со ратрак на Плаќенска планина и до Мазатар.
Денешните туристи сакаат активен одмор, акција и авантура. Токму во Куратица може да го добијат сето тоа.
Фотографии:

.jpg)
.jpg)

.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
