Во Охрид пред еден век имало повеќе слаткарници. На оваа фотографија е една од нив во строгиот центар на градот веднаш до денешниот угостителски објект „Табана“.

-Тоа е куќата на дедо ми Гаврил Поп-Стефанија и се наоѓа одма до Табана. Порано била слаткарница на Панде Поп-Стефанија, а покасно е изграден уште еден спрат со покрив и балкони. Сликата е од 1932 година, појаснува внукот Кирил Иговски на фејсбук групата „Охрид слики од минатото“.
Ова не е првата слаткарница во Охрид. Првата ја имале Пателовци кај старата „На -Ма“.
