ФОТО: Верниците ја преплавија црквата Свети Архангел Михаил

Стотици верници од рано утрово ја преплавија црквата Свети Архангел Михаил во стариот дел на Охрид во населбата Кошишта.

Станува збор за  македонска православна црква, сместена во стариот дел на Охрид, во населбата Кошишта. Камен-темелникот е осветен и поставен во 1985 година, а била осветена на 19 септември 1988 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Проектант на црквата е архитект Тодор Паскали, а главен донатор бил Станко Диниќ од Охрид. Фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид, додека иконостасот, во резба, бил изработен од ЕМО – Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани