Кривична за охриѓанец, шверцувал жива

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе  кривична пријава против О.С.(53) од Охрид, М.П.(59) од Скопје и С.П.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство, постапување и промет со опасни материи или штетни организми, семенски или саден материјал“.

На 21.03.2017 година кај село Трапчин, Кичево, при преглед на лица и возило “Фиат линеа“, во кое што биле второ и третопријавениот, биле пронајдени 57 пластични шишиња со жива со чистота над 99 отсто, а со тежина од 9,8 килограми. Опасната материја, по претходен договор со првопријавениот, требало да ја транспортираат од Скопје до Охрид. Шишињата со жива, првопријавениот, од 2012 година до 21.03.2017 година, ги чувал во изнајмен стан во Скопје. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани