ФОТО ВИДЕО: Се одбележа Светскиот ден за заштита на животните

За прв пат во Охрид се одбележа Светскиот ден за заштита на животните. Во пресрет на 04 Октомври кога се одбележува Меѓународниот ден за заштита на животните во  ОУ „Григор Прличев“  второоделенците имаа предавање  за грижа и хуман однос кон животните.

Активистките од „Suzans rescue dog house“, Маја Коваческа и Сузан Сулејман ги учеа младите да се грижат, да ги сакаат и да им помагаат на кучињата и мачињата, кои се дел од природата.

Животните имаат само една цел – слободно да живеат. Токму поради тоа треба да ги почитуваме, да не им наштетуваме и да не ги повредуваме.

Светскиот ден на животните е можност за секој од нас да направи добро дело за животните од својата околина, затоа што и тие како и луѓето се дел од оваа планета и животот без нив би бил незамислив.

Училиштето заедно со учениците  денес направија  хуманитарна акција подарија храна за уличните животни.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани