ФОТО: Зошто уништувате?

Прашањето зошто уништувате, е наменето за оние кои ги уништија сите метални столпчиња поставени во прекрасниот парк во комплексот „Св.Нум“.

Во прекрасниот зелен парк во туристичко-манастирскиот комплекс „Св.Наум“, демолирани се сите метални столпчиња што укажуваа, не подучуваа, не потсетуваа и не замолуваа да не ја газиме тревата.„Почитувани посетители ве молиме не газете ја тревата“- ова, на македонски и англиски јазик, покрај крстот од левата страна, беше испишано на таблите. Таблите изгледаа естетски уредени и поставени на неколку видливи места во паркот, веднаш покрај патеките.

Денеска,на големиот ден и прославата на СВ.Наум Охридски Чудотворец, искршените табли и расфрлените делови ги видоа стотици верници и посетители на манастирскиот комплекс кои, од Охрид, земјава и странство дојдоа во светилиштето да се помолат на гробот на светителот и да ги видат убавините и амбиентот на овој неповторлив манастрирско-туристички комплекс покрај брегот на Охридското езеро. Едноставно, уште при првите чекори во комплексот, не може а да не ги забележите вандалските „дела“ на оние безбожници кои тука дошле, само и само да направат зулум.На крајот, кој и да е „автор“ на овие „чуда“, треба да се почувствува засрамено и да не биде горд на стореното затоа што со својот вандализам, го навредија градот Охрид, достоинството и културата на секој охриѓанец и секако достоинството и честа на Чудотворецот „Св.Наум Охридски“.     

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани