ФОТО+ВИДЕО: 50 години ликовно творештво на познатиот уметник Упевче

Стотици љубители на убавото синоќа присуствуваа на одбележувањето на големиот јубилеј 50 години од првата самостојна изожба на познатиот охридски уметник Славко Упевче. 

Во Завод и Музеј куќата на Робевци беа прикажани голем број уметнички слики ремек дела на авторот. Најголем дел од нив се со охридски мотиви. Упевче се смета за ликовен хроничар на градот Охрид, тој умее да ја наслика душата на градот. 

Упевче е роден во 1951 година. дипломирал наФакултетот за ликовни уметности во Скопје. Изминативе педесеттина години имал ликовни изложби и во Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и ширум Европа и Америка. 

ФОТОГРАФИИ и ВИДЕО од настанот>

  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани