Фудбалската приказна на кралскиот светски гигант продолжува во Охрид.
Вториот фудбалски камп на најтрофејниот европски клуб ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 на брегот на живописното езеро, ставајќи ја Македонија на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години.
Кампот на Реал Мадрид може да биде вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височини на на сите момчиња и девојчиња кои ќе бидат дел од истиот.Можност да се отркијат најталентираните и да им се даде шанса да успеат на врвот.

Кампот ќе придонесе за своевидна промоција на градот Охрид, истакна градоначалникот Јован Стојаноски на денешната прес конференција.
-„Оваа година ќе бидеме само подржувачи, но во завиосно од искуството можеме и да потпишеме и договор за соработка. Општина Охрид ќе се залага за развој на позитивната енергија во градот а се разбира спортот и спортскиот дух се еден од предусловите. Ние наскоро ќе излеземе со уште една промоција на Охрид како една нова спортска дестинација со што сакаме да дадеме своевиден придонес во развојот на туризмот“, подвлече градоначалникот Јован Стојаноски.
-„Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење. Според програмата и правилата на Фондацијата на „кралскиот“ клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, здрвствени прегледи, опрема и стручна помош за сопствено усовршување.Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот, во делот на спортот, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, спортски бон-тон, дружење и многу забава. Еден тренер ќе работи со група од дваесет деца. Максималниот број на пријавени деца може да биде сто. Засега огромен е интересот“, велат организаторите.
-„Тренерите се едуцирани за работа со млади таленти. Важно е тоа што младите ќе имаат можност да ги анучат основните начела и она што ќе го доживеат тие пет денови во склоп на кампот ќе биде врвно доживување, појаснуваат организаторите.
