Гаши оствари средба со изработувачот на охридски бисери м-р Михајло Филев

Африм Гаши го посети Музејот на охридски бисери и оствари средба со познатиот изработувач на оригинални охридски бисери михајло Филев.

-Чест и задоволство ни претставува посетата на господинот Африм Гаши Претседател на Собранието на Р.Македонија и почитуваните негови соработници на музејот на охридските бисери – Филеви Т.М.1928 како дел од светското културното-занаетчиското наследство и препознатлив бренд на Охрид и Македонија и регионот,каде што беше срдечно дочекан, од четвртата генерација изработувач на охридските бисери Филеви Т.М.1928 м-р Михајло Филев.  Господинот Гаши се запозна со традицијата,  вклучително и историјата и патентираната тајна технологија и деловите од изработката на производот охридски бисер во повеќе техники и уникатни модели кој се во фаза на изработка, при што ја нагласи важноста на промоцијата и поддршката за понатамошно развивање и зачувување на посебноста на овој занает кој му дава посебен културен идентитет на Охрид,Македонија и регионот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани