Гастрономските великани ги пренесуваат своите знаења на ФТУ Охрид

Балкански и светски доаени на гастрономијата деновиве  држат предавања и обуки на студентите на Факултетот за туризам во Охрид. Ги повикаа младите да ги сакаат гастрономските струки, кои денес се најдефицитарниот кадар и да останат во државата.

-Имаме можност да научиме од најдобрите оние кои што веќе го поминале тој пат и ги знат сите финеси во кулинарството и ов гатсрономијата и угостителството. да ни бофат мотив пострек со жар љубов и пасија да пристапиме кон оваа професија. Ќе иамме еднаш месечно на два месеци ке имаме настава со нивни членови шефови сомелиери експерти од разни области и
заедничли ке градиме подобра иднина кон претставување достојно на Р М како една гастрномска дестинација, изјави  Климент Наумов.

Балканската кулинарска ѕвезда Стево Карапанџа рече во минатото оваа професија беше неценета, но денес тоа не е така. Готвачите и шефовите на кујни се цената и почитувана професија.

Факултетот за туризам и угостителство – Охрид по втор пат  е домаќин на великаните на светската и балканската гастрономија. На покана на доц. д-р Климент Наумов, а во соработка со македонската асоцијација на шефови на кујни Гастромак и со поддршка од општина Охрид,  гостуваат еминентни стручњаци од областа на кулинарството како Изток Легат (Словенија 🇸🇮), Уве Мишел (Германија ), Стево Карапанџа, Драгица Лукин (Хрватска), Дон Давид (Русија), Вуко Митровиќ (Црна Гора), Жељко Невен Бремец (Хрватска ), Хамид Хаџиќ (БиХ ) и Асан Даутовиќ (Македонија).

Покрај предавања ќе има и практични часови по готваество и слаткарство.

 

Social profiles