Георгиески: Охрид нема никогаш повеќе да биде панаѓур

Ова лето ќе се збрише панаѓурскиот лик на Охрид.  Првиот човек на градот  вели нема да дозволи диво поставување на било какви реквизити низ чаршијата и пешачките зони.

 

Расчадени тезги, фрижидери, чадори, импровизирани подвижни продавници на бижутерии, храна и друго ќе биде слика на минатото. Градот нема да биде веќе заложник на поединци и нивното незаконско однесување.

-„За Велигденските празници се појавија првите индиции и ние уште тогаш постапивме. Јас на сите тие кои што поставуваат тезги и урбана опрема на несоодвени места сакам да им порачам дека толранција за такво нешто ќе има нула. Градот повеќе никогаш нема да биде панаѓур“ , додава Георгиески.

Општината ја носи новата прогарма за урбана опрема и веќе издаде оглас за издавање на локации. Георгиески ги повика ориѓани да бидат совесни и да се придржуваат кон неа.

-„Имплементацијата на урбаната опрема зависи  прво од тоа дали градот ке ни биде циркус зависи од совеста  и од волјата на охриѓани да Охрид веќе не биде панаѓур.Зависи од нашите служби  колку ние ќе иуспееме оваа година да се спротиставиме на самоволието и дивеењето на одредени лица кои узурпираат јавна површина без да имаат дозвола за урбана опрема“,додаде Георгиески.

Според прграмата за урбана опрема фрижидери за продажба на сладолед ќе има на 15 локации и тоа на кеј „Македонија“, плоштадот „Крушевска Република“  пред,,Летница,, и  на пешачката патека од Студенчишта кон хотел,,Парк“.

На плоштадот „Долна Порта“ на површина од 4 м2 ќе се продаваат уметнички слики.  Предвидено е на 18 лoкации да се продаваат сувенири и тоа на клучните туристички локалитети Плаошник, Самоилова трвдина и Антички театар. Според програмата продажбата треба да се одвива на унифицирани тезги.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани