Германскиот туроператор „Ер-ес-де“ ќе донесе 35.000 туристи следната година во земјава, почнувајќи од февруари. Како што најави денеска на заедничката прес-конференција со сопственикот на германската компанија Кристијан Франк, премиерот Хрисстијан Мицкоски истакна дека тоа за земјава ќе значи дополнителни 30 милиони евра директни трошења на овие гости кај нас, што заедно со сместувањето, транспортот и останатите трошоци, би можело да се дојде до бројката и до 50 милиони евра.
Сопственикот на компанијата Франк, посочи дека овие туристи ќе доаѓаат вон сезона и оти тие како компанија главно работат културолошки патувања.
-Главно работиме културолошки патувања и планираме да донесеме 35.000 гости следната година почнувајќи од февруари и благодарен сум што може да бидеме тука и да покажеме што планираме да правиме. Би сакал да се заблагодарам на премиерот за поддршката и за можноста да дојдеме тука во вашата прекрасна земја и мислам дека во иднина не очекува многу голема работа, рече Франк.
