Голем број гости за продолжениот викенд во Охрид

И овој продолжен празничен  викенд голем број на туристи на брегот на Охридското Езеро.  Овој период од годината најбројни се гостите од земјите во  регионот Србија, Албанија и Грција, кои најчесто доаѓаат за викенди,  како и големиот број групи кои што  се  дел од  кружните тури на Балканот.

Според хотелиерите и во есенскиот период се бележи солидна исполнетост голем број туристи  има и во рамки на конгресниот туризам.

– Тука може да се каже дека има едно зголемување, зголемен е бројот на гости. Доаѓаат и голем број странци за овој период на тие конгреси и тоа е еден добар показател дека има интерес. Има нели разновидни конгреси  каде што има поголем интерес и на странските гости да бидат присутни на тие конгреси,  вели Крсте Блажески претседател на хотелската асоцијација ХОТАМ.

Туристите уживаат во разгледи на културно историските споменици. Најчесто проештеки низ Стариот дел на Охрид, црквите, музеите,, тврдината  Античкиот театар. Атрактивни се  и  прошетките со брод  до манастирскиот комплекс Свети Наум, заливот на Коските……

..Убаво убаво, многу мнгу ни се допаѓа, туристи од Турција.

Многу е убаво природата ни се допаѓа, велат гости од Турција.

Секој викенд сме овде, ние сме од Битола и блиску ни е

Убаво, многу е убаво. Ни се допаѓа вашата земја, убава култура. 0200 Ние сме дел од Балканската тура во Охрид бевме една ноќ, велат туристи од Малезија.

Многу е убаво,

Многу ми се допаќа вашата земја.

Убава земја многу убава   природа

До крајот на октомври  на охридскиот аеродром , активна ке биде авио линијата  Охрид Белград, а  на брегот на Охридското Езеро најбројни ќе бидат гостите кои се дел од Балканските кружни тури.  Туристите од Турција  и Малезија,  кои од Истанбул патуваат осум земји,  меѓу кои и нашата.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles