Голем интерес на холандските гости за земјава на саемот во Утрехт

Интересот на холандските туристи за посета на Македонија е забележан  на саемското претставување на земјава на „Vakantiebeurs” во Утрехт.
Традиционалната поврзаност со Охрид надополнета со збогатена туристичка понуда, гастрономските и културните тури, како и излетите во природа се доволна причина за Холанѓаните да ја одберат Македонија за следна дестинација.
Развојот на туристичките дестинации во земјава е поттикнат и од нивната промоција, за таа цел директорката на АППТ, Билјана Стефаноска оствари средби со холандски туроператори и туристички агенции специјализирани за сегментирани видови туризам кои ќе носат туристи и во помалку познатите делови на Македонија, а кои се доволно атрактивни и богати со традиција, културни и природни богатства.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани