Голем интерес за предавањето „Како го победив ракот“

Голем интерес за предавањето на тема „Како го победив ракот“ вчера во Охрид. 

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година.

Предавањето го водеше Билјана Јанеска, жената која со силна верба и волја, и секако со помош на Герсон терапијата  ја победи пакосната болест. 

Инаку Билјана Јанеска е соработник на нашиот портал Охриднет.ком. Таа честопати пишува  рецепти и дели совети во рубриката здравје. Охриѓани задоволни од корисните совети кои ги добија од нашата Билјана. Граѓани од други градови, после Охрид и Струга  бараат да продолжат предавањата низ цела Макеоднија. 

Повеќе детали за неа откријате на следниот линк Запознајте ја Билјана, охриѓанката која го победи ракот

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани