Расте бројот на странци заинтересирани за спортски рекреативен риболов на Охридското езеро.
Вљубеници во овој спорт доаѓаат подготвени со своја риболновна опрема. Страсните рибари ловат спортски, но и со блинкер за да ја слушнат старата рибарска приказна ткаена на езерската шир со векови.
Праксата покажала дека холанѓаните се најстраствените риболовци.
.jpg)
-„Најчесто имаме од Холандија, тие се стравствени риболовци. Минатата година имавме многу од Русија, туристи од Полска. Значи имаме од година во година е се поголем бројот на туристите, кои сакаат да риболоват“, вели Љупчо Стојкоски риболовен водич.
.jpg)
Риболовниот туризам е во корелација со гастрономијата. Покрај што ловат повеќе од задоволство е да ја вкусат далеку прочуената охридска риба.
-„Како риболовен водич покрај тоа што ги носам на риболов по желба јас нив им спремам. Има неколку специјалитети кои јас лично ги правам. Чадена пастрмка,чаден клен, маринирана риба, клен на скара, додава Стојкоски.
.jpg)
-„Ако езерото го земе локалната власт и се развива спортски риболов со туризам не се користат мрежи ќе се створи што обрзо контакт меѓу плашицата и мислам дека многу побрзи ќе се стабилизира“, изјави Лазо Наумоски еколог.
Рекреативниот риболов ја збогати туристичката понуда на градот Охрид. Државата ја има поедноставено процедурата. На странските риболовци не им е потребна риболовна легитимација, како за македонските државјани, единствено треба да купат карта за риболов.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ
