Голема хуманитарна акција во Струга

Општина Струга во вторник организира хуманитарна акција.

Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Струга заедно со координаторот на проектот, во соработка со Центарот на заедницата на Општина Струга, Црвен Крст Струга и Центар за социјална работа -Струга, по повод одбележувањето на празникот 8-ми март,меѓународен ден на жената, а во рамките на реализација на годишната програма за активности од областа на еднакви можности меѓу мажите и жените во Општина Струга во 2018 година организира хуманитарен настан.Хуманитарната акција вклучува собирање на чиста облека, храна, хигиенски и парични средства кои ќе бидат донирани во семејства од социјално ранливи категории, корисници на социјална помош и самохрани мајки.Од Општина Струга испраќаат апел и ги повикуваат сите хумани граѓани, да го дадат својот придонес.Донациите ќе се извршуваат во Салата на Советот на Општина Струга во вторник, (06.03.2018) во период од 09:00 до 16:00 часот.

 

Извор:Strugaonline

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани