Интензивните снежни врнежи утрово ги блокираа патиштата во струшко. Сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови и лизгави коловози.
Од рано утрово беше воведена забрана за тешки товарни возила на патот кон граниниот премин Ќафасан. Големите снежни врнежи го отежнаа сообраќајот и кон Вевчани, Лабуништа, Белица и Подгорци. Селата во Малесија и Дримкол се отсечени.
Од Македонија пат за ТВМ телевизија велат активирана е целата механизација на ЈП, на терен се чисти снегот, но врнежите не престануваат.
-„Сите патишта се чистат, работат сите машини со кои располагаме. Две машини од Мкедонија пат, се на терен. Но снегот не престанува врне и врне. Одат на горе чистат кога се враќаат повторно е наврнат снег и такви се проблемите овде во Струга. Ги имаме и надзорните инспектори со нас и тие вршат увид на лице место се трудиме“, вели Дестан Бајрами раководител на ЈП Македонија пат ПЕ Струга.
Околу пладне четирите камиони го расчистуваа патот кон Глобочица, Радожда и кон граничниот премин Ќафасан. Патиштата се чистат по приоритет, велат надлежните. Откако ќе се исчистат магистралните се чистат регионалните и локалните патни правци.
„Прво магистраните после се оди по регионални патишта, а потоа во втор приоритет на локални и регионални патишта од втор приоритет. И тие се чистени Лабуништа, Вевчани, таму беа пред два саати псоле два саати повторно треба да се оди. 0200 Врнежи снег има околу 30 см и постојано врне и видливоста е намалена ама проблеми доста се надеваме попладне да биде се во ред“, вели Бајрами.
При сите снени врнеи во текот на зимскиот период најпогодени се планинските села на Јабланица во кои има мал број жители. Нивните патишта не се расчистуваат благовремено.
„Живееме во едно време , едно општество каде што имаме проблеми на многу нивоа очигледно се рефлектира и во тој дел. Службите кои се задолжени немаат целосен капацитет и се принудени на некој начин во текот на зимата оние населени места кои имаат помалку жители да ги оставаат некако за на крај“,вели Антонио Додески од Планинската спасителна служба.
Од Планинската спасителна служба велат подготвени се да интервенираат доколку има завеани отсечени граѓани. Од Центарот за управување со кризи информираат дека не добиле повици од граѓани кои побарале помош.
Новинар Соња Рилковска
