Готвачи најдефицитарен кадар во охридско струшкиот регион

Готвачи и шефови на кујна се најдефицитарен кадар во охридско-струшкиот регион.

Пандемијата, затворањето и рестрикциите дополнително го продлабочија проблемот. Готварството во светот е ценета и добро платена професија, но во земјава се уште го нема заслуженото место, па затоа и не ги привлекува младите.
Голем дел од овој стручен кадар во потрага по подобар живот заминаа во странство.

 „Како што почна кризата се поголем и поголем е тој недостаток има доста наши колеги кои не можеа да го издржат овј притисок и прмеинаа во други области некои заминаа надвор“, вели Влатко Горгиески шеф готвач.

 „Скоро 80% од готвачите се надвор од државата. 0134Треба платата да се покачи, бидејки готвачите се незадоволно, надвор од државата се плаќа повеќе“, Горан Филипов шеф готвач.

Здруженијата на готвачи од регионот се обидуваат да помогнат и да ги мотивираат младите, за таа цел спроведуваат и забрзани курсеви.

–„Тие курсеви се отворени за сите невработени без разлика на возраста за сите невработени лица можат да ги посетат. 0451Она што не може да се стекне како познавање во образованието ние го предаваме практично“, вели Димитар Арнаудоски шеф готвач.
Покрај готвачи, недостигаат и келнери, шанкери и рецепционери.Особено загрижува тоа што значително е намален интересот за изучување на насоките туризам и угостителство и во средно училиште и на факултетот.
Угостителите се загрижени, велат дејноста им е загрозена поради недостигот на работна сила.
Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани