Градежни работи на патот кон Ќафасан, кон „Пресека“ проодно

Според Авто мото сојузот на Македонија, на сила е измената на возниот режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин „Ќафасан“.

Според известување на АМСМ, на магистралниот пат А2, делница Струга – Граничен премин Ќафасан започнува измената на возниот режим за сообраќај на 08.12.2017 од 14 часот а ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Маврово – Дебар – Струга, Ресен – Буково, Гостивар – Стража,Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот, информираат од АМСМ.
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на планинскиот превој „Пресека“. Таму, поради одрон, синоќа сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 2 до 5 метри.
Според „Македонија пат“, екипите се мобилни и постојано работат на одржување и расчистување на патните правци.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани