Градоначалникот ги честита Велигденските празници

Градоначалникот Јован Стојаноски, по повод големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, до граѓаните од православна вероисповед испрати честитка во која им посакува да го прослават со среќа во срцата и во пријатна атмосфера.

 

– Со особена радост и задоволство во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, дозволете ми да Ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов и спокој во секој дом и во сечие срце. Велигден, е возвишен ден, зошто е празник во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. Велигден е денот кога го со радост го славиме животот, кој извира од секој храм, од секој дом и од срцето на секој верник. Прославувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу себе и меѓу сите луѓе на светот. Овој свет ден не потсетува на потребата својот живот да го поминеме исполнети со љубов и духовен мир, со почит кон блиските, но и со толеранција и разбирање кон другите. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов и да правиме добри дела, преку кои ќе ја потврдиме смислата на нашето живеење. Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово и нека Господ не обдари со сила, верба и благослов за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно.

Нека е за многу години големиот празник! ХРИСОТОС ВОСКРЕСЕ!, се наведува во честитката на градоначалникот Стојаноски.

Social profiles