Градоначалникот задоволен од текот на празниците во Охрид

Иако Божиќ е семеен празник овој продолжен викенд голем број домашни и странски гости го минуваат на брегот на Охридското езеро.

Вечерва се подготвуваат за големиот концерт на црногорската ѕвезда Сергеј Четковиќ.

Градоначалникот ги покани сите на охридскиот плоштад.

-„За граѓаните на Охрид и за сите оние кои што престојуваат во Охрид имаме една голема балканска ѕвезда тоа е Сергеј Четковиќ.Ги поканувам сите граѓани да дојдат да уживаат и да се забавуваат и на таков начин да се создава една позитивна енергија во градов“ , вели Јован Стојаноски градоначалник на Охрид.

Стојаноски е задоволен од стартот на 2018 година. Охрид е преполн со туристи. Забавата во рамките на проектот „Од 20 до 20 – Сите во Охрид“ , кој досега се покажа повеќе од успешен, продолжува. Концерти и настани секој ден, а најголеми збиднувања за Православна Нова година и за Богојавление Водици. 

Social profiles