Земјотрес од 2,3 степени го „здрма“ Охрид

Земјотрес со магнитуда од 2,3 степени по Рихтер, денеска во 12 часот и 40 минути го „здрма“ Охрид.

Според сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е во охридското епицентрално подрачје.Епицентарот на земјотресот е на неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец, а почувствуван е од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани