Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на У.З.Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад
Апелираат до граѓаните комуналниот отпад уредно да го депонираат на определени места за оваа намена во точно определените денови за дадениот реон и во периодот од 22.00 часот до 07.00 часот
Граѓаните кои поседуваат објекти за издавање на туристи треба да ги информираат своите гости за комуналниот ред, со што се надеваме ќе се избегнат непријатните слики и ситуации со кои секојдневно се соочени дежурни служби.
Секое непочитување на комуналниот ред и депонирање на комуналниот отпад надвор од пропишаните термини ќе биде санкционирано согласно Законот за јавна чистота, велат од Комуналец.