И Македонија дел од „Часот на планетата Земја“

Македонија и годинава ќе биде дел од „Часот на планетата земја“. Годинава главниот град се појавува во спотот, а Охрид се очекува да се приклучи кон кампањата.

Оваа година, кампањата освен што се фокусира на проблемот поврзан со забрзаното менување на климата, истовремено ќе ги поврзе луѓето со планетата.Додека глобалната биолошка разновидност се намалува со невидена стапка, „Часот на планетата Земја“ оваа година ќе ги фокусира своите напори да поттикне поддршка за акција за биолошката разновидност и природата под мотото „Поврзи се со планетата“, односно #Connect2Earth. Оваа година, „Часот на планетата Земја“ ќе се одржи на 24 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, „Часот на планетата Земја“ сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. Земајќи го предвид фактот дека минатата година 3,5 милијарди луѓе зборувале за „Часот на планетата Земја“ на социјалните мрежи, се докажува дека движењето е менувач на играта за популаризација на климата и еколошките акции низ целиот свет.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани