Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести како дел од кампањата „ Ги запознаваме ретките болести 2021“ со која се дава поддршка на лицата кои боледуваат од ретки болести.
Со ова општината и градот Охрид се приклучуваат кон глобалниот повик на „Еурордис“ за осветлување на локални и национални згради и споменици. Во февруари којшто е месец со најмалку денови во годината се запознаваме со нови 28 ретки дијагнози преку аудио,видео и текстуална форма со цел да се запознаеме со предизвиците со кои се соочува оваа категорија луѓе.
Покрај општината вчеравечер заблескаа и останати локации од градов меѓу кои: Самуиловата тврдина, гимназијата „Св. Климент Охридски“, црквата Св. Софија, Историскиот архив и скулптурата „Фаќач на крстот“.
Во Светот во месец февруари се реализираат низа активности со цел да се поддржат лицата коишто боледуваат од ретки болести.

