И пензионерките го прославија Денот на жената

Здруженијата на пензионери од Струга и Ресен по повод Меѓународниот ден на жените,пензионерките од двете здруженија,и оваа година,како сите други изминати,во весела атмосфера го одбележаа и прославија во угостителскиот објект во  манастирскиот коплекс Калишта во близина на Струга.


Кон шеесетте пензионеки од Струга во забавата се вклучи ЗП од Ресен со над сто пензионерки.
Во име на претседателот Милорад Трпоски на Здружението од Струга,како и во име на претседателката на Активот на пензионерки Елисавета Лазареска,честитки до дамите од третата доба посакувајќи им добро здравје,долг живот,среќа и активни пензионерски денови и повторни средби во наредните години,им посака потпретседателката на Активот на пензионерки од Струга,Павлина Кузманоска.

Во прекрасниот амбиент и доброто расположение,придружени со веселите звуци на групата „Три Браво“од Струга,разиграни и распеани во ведро расположение како секогаш,пензионерките поминаа уште еден незаборавен 8-мо мартовски ден.

Стојан Кукунешоски 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани