Пештанец и покрај забраната продолжил да гради.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(50) од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“. Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, каде нелегално изградил објект, и покрај претходно донесено решение за отстранување на градбата и поставената службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за затворање на градилиштето поставено од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид, пријавениот ги симнал и оштетил истите и продолжил со изведување на градежни активности, информираат од СВР Охрид.
