Илинденскиот пливачки маратон ќе се одржи на 2 август

Во среда- 2 август, на патеката Горица – Охрид ќе се одржи 38 по ред Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2017.

На патеката, во должина од 2,5 км, ќе учествуваат 60 пливачи од повеќе домашни и странски пливачки клубови, кои се организирани во две возрасни групи: од 10 до 15 години и 16 и постари). Пливачите ќе стартуваат во 10:30 и 10:45 часот од плажата на хотелот „Парк“ а на целта на Градското пристаниште ќе бидат околу 11 часот.Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2017 е во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид. Она што е значајно за овогодинешниот пливачки маратон е што, на патеката ќе пливаат три деца со посебни способности од Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја”. Тие ќе бидат во придружба на нивните тренери. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани