Меѓу древните цркви и камените улици, туристите го откриваат она што не се раскажува, туку се доживува. За Велигден, Охрид е катче каде минатото и сегашноста се спојуваат во едно.
Најголем впечаток на бројните посетители оставаат вековните приказни, кои извираат од исконските светилишта и богатото културно наследство.
„Доаѓам од Германија. Многу ми се допаѓа. Тука сме три дена.Имајте среќни велигденски празници“, порачуваат посетители.
„Доаѓаме од Германија и многу е убаво овде. Големо задоволство е да се биде во Македонија бидејќи претходно не знаев многу за Балканот, но научив многу со ова патување. Посетивме стари цркви, видовме уникатни фрески“, велат анкетираните гости.
Плаошник и годинава беше срцето на празничната радост – место каде вековната духовност се спои со живата вера на народот. На централната богослужба присуствуваше претседателката Давкова.

„Како празник над празниците, како најголем христијански празник, денеска, по посетите на Свети Наум и Заум, дојдов и овде. Веќе порачав да се потсетиме дека секој од нас неслучајно е овде – вреди да се живее, животот е посилен од смртта, тоа Исус го покажа, а ние треба да докажеме дека му веруваме. Посакувам уште поголема вера и надеж во поубава денешница и поубаво утре. Да веруваме во мир, а не во војна, да веруваме во добро, а не во зло“, рече Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Македонија.
Охриѓани, домашните и бројните странски гости, со свеќи во рацете, се упатија кон храмовите и манастирите покрај брегот на Охридското Езеро, обединети во желбата за мир, здравје и подобро утре.

Христос Воскресна, веруваме дека е жив. Многу сме среќни што сме тука. Многу ни се допаѓа, прекрасно место е Охрид.
– Прекрасно место среќни сме што сме тука за Велигден, им посакувамељубов и среќа на сите
Мир да има тоа доволно е . Христос Воскресна, живи здрави.
Охрид како еден од најубавите градови за Велигден носи духовен мир и убаво е празнично расположен градот, убаво е . Има мир спокојство.
Мене Велигден ми е еден од најубавите празници народ се собира сите се среќни весели со јајца кршење. Плус фамилијата се собира.
Да сме среќни за празниците, љубов, среќа радост.
Да сме здрави и живи, Бог да ни даде мир јас сум од Негорци прв пат сум во Охрид и ова е феноменално. Ова е Балкански Ерусалим.

Празничната атмосфера се чувствува на секој чекор – низ калдрмите на стариот дел, покрај црквите,музеите, но и долж езерото. Особено атрактивни се панорамските прошетки по езерската шир.
„Ние овде воглавно им нудиме кратки релации – стар дел на град, Титова резиденција и назад, а има интересирање и за Св. Наум. Обично се интересираат за Калето, црквата Свети Јован, Света Софија и многу значајни места кои се тука во градот“, вели Зоран Ангелески, сопственик на туристички брод.
Балканскиот Ерусалим и овој Велигден е преполн со туристи, кои и денес, , уживаат на брегот на Охридското езеро.
