Инжинер во фабрика за канабис, осомничен за нелегална продажба на марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л. (60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, како и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Според информациите од полицијата, пријавениот, кој претходно бил вработен како инженер – агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново Село, општина Дебрца, неовластено изнесувал марихуана од фабриката.

Дрогата, како што се сомнева полицијата, ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид со намера за користење и натамошна продажба.

При претрес во просториите, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана, по што лицето е лишено од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поведена соодветна постапка, информираат од СВР Охрид.

Фото Илустрација

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани