Во СВР Охрид е пријавено исчезнување на 68-годишна жена од охридското село Рамне.
Според пријавеното, на 11 август во 02:10 часот, К.С. (49) од Охрид, со живеалиште во САД, пријавил дека неговата мајка Н.С. (68) на 10 август околу 15:00 часот се оддалечила од домот во село Рамне.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
