Искршени стакла на влезните врати на штабот на ВМРО ДПМНЕ в Охрид. Засега непознати сторители ноќта на 09 декември, упаднале во штабот.
Се обиделе да влезат во останатите простории кои биле заклучени.
Случајот е пријавен во полиција, каде се разгледувале и снимките од видео надзорот.
-„Се надевам дека полицијата ќе го истражи случајот и ќе ги изведе пред лицето на правдата оние кои го сториле делото. Може да има поврзаност и со денешните случаи и протестот за поддршка на приведените“, рече Пецаков.
ОО на СДСМ го осуди инцидентот.
-„Општинската организација на СДСМ, најостро го осудува синоќешниот инцидент во кој биле обиени просториите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Воедно ги повикуваме органите на прогонот, согласно нивните овластувања, да ги преземат сите можни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот. Правната држава подразбира функционирање на правото и сигурност за сите граѓани на Република Македонија подеднакво, и во таа насока, очекуваме дека сторителите во најкус можен рок ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, велат од СДСМ Охрид.
