Наместо 10 члена, избирачките одбори на претстојниот референдум ќе бројат 6 лица, во состав, претседател, заменик претседател и 4 членови.
Бидејќи се работи за референдумско изјаснување, а не за изборен процес, политичките партии не можат да делегираат свои претставници. Избирачките одбори ќе бројат вкупно 462 лица, а не 800 како на последните парламентарни избори и сите членови ќе бидат од редовите на државната и локалната администрација.
