Општина Охрид објави ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид.
Предмет на јавниот повик е пријавување на кандидати за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид.
Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возач треба предходно да завршат обука за авто такси возач и за истата да им се издаде потврда за завршена обука од правното лице за вршење на обука овластени од Градоначалникот на Општина Охрид.
Трошоците за обука и за издавање на сертификатот за авто такси возач во Општина Охрид се на терет на пријавените кандидати.
Право на учество на јавниот повик
Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:
– поседуваат Потврда за завршена обука издадена од правното лице овластено од Градоначалникот на Општина Охрид,
– да поседуваат возачка дозвола (Б категорија).
