Јавен повик за невработени лица за општинско корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Охрид , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 08.08.2024 година се објавува Јавен повик за невработени лица за општинско  корисна работа.

-Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во
програмата Општинско-корисна работа, проект “Отворени можности за еднакво образование за
сите деца”за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради
стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за
вработување- Центар за вработување Охрид.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци
во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна
работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови
неделно, при што за време на работниот ангажман 9(девет) месеци статусот на невработените лица
останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници
на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде
активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при
што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се
предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на
работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и
телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест, стои во јавниот повик на општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани