Јавен увид на урбанистички план за изградба на пречистителна станица во Трпејца

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организра Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца, општина Охрид, со тех. бр. 03-123/23 од септември 2023 год. изработен од Друштво за градежништво, трговија и услуги „Нимаер“ дооел увоз извоз Струга

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца, општина Охрид, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за изработка на измена и дополна на УП за село Трпејца- општина Охрид, тех.бр. Y24607 од октомври 2007, изработени од Агенција за планирање на просторот , со Решение за Услови за планирање на просторот, арх.бр. УП15-4639/4 од 08.11.2007 год. од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Површината на проектниот опфат изнесува 2641.04м2

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца, општина Охрид, со тех. бр. 03-123/23 од септември 2023 год. изработен од Друштво за градежништво, трговија и услуги „Нимаер“ дооел увоз извоз Струга, надлежниот орган во електронска форма го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Охрид https://www.ohrid.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk. Евентуални забелешки можат да се достават секој работен во архивата на Општина Охрид, од 24.07.2024 до 07.08.2024 г

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани