Утре, четврток 23.11.2017, во хотел “Нова Ривиера” во Охрид, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022.
Јавната расправа е дел од проектот „Дебати на тема Национална стратегија за култура 2018-2022“ на ЈАДРО Асоцијацијата на независната културна сцена, кој се реализира во соработка со .Министерството за култура.
Во Охрид расправата ќе ја отвори претставник од Министерството за култура, по што ќе следи претставување на унапредената верзија на нацрт – стратегијата, како и општа расправа за системската поставеност, главните аномалии, за сегашната поставеност на системот на културни установи и за тоа дали е потребна нова инфраструктура и институции. Излагачи се: Донка Барџиева, висок советник за културно наследство на Министерот за култура, Искра Гешоска, претставик на Јадро која е член на работната група при Министерство за култура, Никола Гелевски, независен издавач и автор, активист и уредник на потралот Окно, Дејана Николовска театарски режисер и Илина Арсова, независен уметник и активист.
Модератор на дебатата е Александра Бубевска, а локален координатор е Јасмина Билаловиќ.