Jавното Претпријатие Градски Пазар Охрид ја објавува својата соработка со организацијата “AGRO Ecolife – Ohrid” во рамки на проектот „Процес на компостирање за Одржливост“, поддржан од Американската Амбасада во Скопје.
-Како одговорен партнер, посветени сме на промовирање на еко-пријателски практики и подигање на свеста за селекција на отпадот во нашата заедница. Овој проект е уште еден чекор напред во нашите заложби за заштита на животната средина и поттикнување одржлив развој. Во рамките на проектот ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР Охрид доби донација на канти за селекција на органски отпад, кој е клучен во процесот на компостирањето.
Преку оваа соработка, одржавме практична обука за компостирање,и тренинг сесија, во ЈП Градски Пазар Охрид со цел да се научи правилно управување со органски отпад и негова трансформација во корисен компост.
Ги повикуваме сите граѓани и компании да се вклучат во оваа иницијатива и заедно да работиме кон позелена иднина.







