ЈП Охридским Комуналец ќе го возобнови возниот парк. Ќе бидат набавени шест нови возила преку Центарот на Југозападниот плански регион. Возилата ќе бидат со капацитет од осум и 14 кубици и значително ќе ја олеснат работата на јавното претпријатие.
ЈП Охридски Комуналец располага со 11 специјални возила за подигање и транспорт на отпад плус две возила за стар град и машини и возила за кабаст отпад.
– Обезбедени се средства преку министерството за животнасредина ќе добиеме шест возила со кои ќе нис е олесни работата подигањето ан отпадот поготово во летниот период. Пет возила ќе бидат наменски за подигање транспорт на комунален отпад а едно за подигање на зелен отпад, вели Стевчо маслов шеф на јавна хигиена.
Екипите на ЈП Охридски Комуналец изминатата година подигната 1128 м3 на градежен шут и 896 м3 на кабаст отпад. За жал се уште е ниска свеста за рециклирање и селекција на отпадот.
-Имаме 40 островца каде што имаме садови за селекција на отпад рециклирање на пластика и хартија, но количината која се собира е многу минорна сопоредбено на количината која завршува на депонија. Само ќе ви појаснам во минатата 2024 година имаме подигнато околу 26 тона хартија и само 1,5 тони пластика.. Селектирање треба во самото домакинство и правните субјекти и сега сме во фаза добивме 1200 канти за 600 домакинста за селетирање на пластика и хартија. Потребна ни е посебна регулатива со која смаиот граѓанин ќе мора да врши селекција, додава Маслов.
Најгорлив проблем е ниската еколошка свест кај граѓаните потребни се едукативни кампањи но и законска регулатива со казнени политики.
Новинар Соња Рилковска
