Јубилеј 50 години театарска дејност на Ристе Миладинов

Јубилејот е во организација на драмското студио „Миладин“.

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе бидат одбележани 50 години театарска дејност на Христо (Ристе) Миладинов.Јубилејот е во организација на драмското студио „Миладин“, Литургиската заедница при манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.По повод 50 години дејност на Ристе Миладин беседа ќе одржи професор д-р протопрезвитер Стефан Санџакоски, а ќе биде одигран и дел од драмата „Сириус“.Во рамките на програмата ќе биде отворена изложба со фотографии од одиграни улоги на Ристе Миладин, а предвиден е и настап на хорот Калистрат Зографски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани