И со одземени концесии, каменоломите во Лабуништа продолжија со работа, се жалат жителите.
После повеќегодишните протести, притисоци , а последно и закани дека ќе ги бојкотираат изборите, лабуништани ја добија битката. Владата пред два дена им ги раскина договорите за концесија на четирите каменоломи и им забрани работа.
Жителите на Лабуништа , 11 те починати од корона вирусот , ги поврзуваат со штетното влијание на каменломите врз дишните патишта на луѓето.
-„Колку болести се појавени, што се појавени од типот на карциноми навистина бројката е многу зголемена. Сега во овој период со корона виирусот тоа му додје како кец на десетка. Факт е дека имаше многу починати од корона вирус сега дали е тоа така има кој да докажува, но народот секогаш ќе мисли на тие каменоломи“, изјави Агим Салиоски од еколошкото друштево „Натура Лаб“.
Лабуништани се жалат, дека концесионерите сега не ја почитуваат одлуката и продолжија со незаконска работа. Ги повикуваат инспекциските служби да ги санкционираат. Доколку се врши експлоатација без дозвола Законот за минерални суровини, предвидува глоба за правното лице од 30.000 до 250.000 евра,.
Нвинар Соња Рилковска
Фото архива
