Ќе се унапредува планинскиот туризам во земјава

Директорката Стефаноска на покана од Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина и  Константин Циривири е дел од јубилејното Генерално Собрание на UIMLA- меѓународна унија на водичи во планина, кое се одржува во Македонија. Стефаноска се обрати на присутните и потенцираше дека со заедничка соработка со Агенцијата за туризам ќе го унапредиме планинскиот туризам, а со тоа и безбедноста и професионалноста на туристичките водичи во планина. Крајна цел е препознатливост на македонските водичи во планина во национални и меѓународни рамки и нивно цврсто поврзување со реалниот туристички сектор.

-Со самото тоа што јубилејното Генерално Собрание на UIMLA- меѓународна унија на водичи во планина се одржува во Македонија говори за професионализмот на обучените водичи од земјава кои работат според меѓународниот професионален стандард – International mountain leader како и имплементирање на меѓународните стандарди и зголемување на безбедноста и квалитетот на услугите во планинскиот туризам.
Во последните години желбите и очекувањата на туристите, водени од новите трендови кои промовираат здрав живот, рекреација на отворено како и планински спортови, придонесе силна популаризација на планинскиот туризам. Под планински туризам се подразбира широк спектар на туристички активности кои се одвиваат на планина. Една од главните карактеристики на планинскиот туризам е тоа што нуди можност за активности во сите четири сезони, секогаш нудејќи различни опции и можности во текот на целата година.
Македонија има огромен потенцијал за развој на планинскиот туризам, но планината треба да ја сфатиме сериозно, затоа без професионаллни туристички водичи за планина овој вид на туризам може да биде ризичен, подвлече Стефаноска.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани