Ќе поскапи ли водата во Охрид?

По нова година нови цени за водата.

Од први јануари повосоки сметки може да добијат општините со над 10 илјади жители но тие не смеат да бидат поголеми од три проценти од семејниот буџет.  Но каде точно водата ќе поскапи , ќе се знае на 15 ноември, кога  регулаторна комисија ќе да го изготви новиот тарифник во кој ќе биде одреден максимумот до кој може да растат цените.

Сепак на крајот последниот збор за тоа колку ќе чини водата ќе го имаат општинските совети.

Населените места со помалку од  10 илјади жители новиот тарифник ќе го воведат во 2019 година.

Во Охрид цената на водата треба да биде 12,48 денари што е меѓу најниските во земјава. 

Во моментов најевтина вода за пиење од 10 денари за метар кубен плаќаат жителите на   Гевгелија , Дебар,  Неготино. Во Скопје е 17 денари, а најскапа е во Кочани, Струмица, Велес 30 денари за метар кубен.

Дали ќе поскапи водата во Охрид ќе се знае на 15 ноември. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани