Министерот за култура Роберт Алагозовски на вчерашната средба со генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова кажа дека владата ќе се придржува кон препораките на УНЕСКО.
-Ја изразив посветеноста да ги спроведеме препораките на Реактивната мисија и одлуката на Комитетот од Краков за Охрид. Тие изразија поддршка и увереност во нашите настојувања и не охрабрија да пријавиме и нови добра на листата на светското културно и природно наследство. Целите на новата влада за заштита на културното наследство, почитувањето на културната различност, спречувањето на нелегалната трговија со културни добра се и цели на УНЕСКО, информира министерот.
Последната мисија на УНЕСКо во Охрид порача да се стопираат проектите во НП Галичица. Експресниот пат Охрид Пештани и ски центарот на Галичица.
Забелешки во однос на заштитата на културното наследство немаше.