Ќе се појави Угреновиќ на суд, или ќе ја напушти Македонија?

Ќе се појави ли убиецот од Кралјево на следното судење во семптември, за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски?

Искористувајки ги „дупките“ во законот одбраната на српскиот туристи успеа во намерите, обвинетиот да се брани од слобода.

Семејството на убиеното момче се сомнева дека Угреновиќ ќе најде начин да избега од земјава и да помине неказнето за смртта на Димитар, кој на смрт беше претепан на новогодишната ноќ лани.

Порталот МКД.мк појаснува: Законот определува дека за кривични дела за кои е предвидена казна до 15 години затвор, притворот од правосилност на обвинение може најмногу да трае една година. За кривични дела за кои според стореното кривично дело е предвиден доживотен затвор, притворот по правосилност на обвинението може да трае две години. Истиот извор од обвинителството појаснува дека делото за кое се гони обвинетиот Угриновиќ е по член 123 став 1, за убиство предвидува затвор од најмногу 20 години. Па, според обвинителството притворот за обвинетиот треба да влезе во втора одредба, но судот сметал дека е во првата одредба и го пуштил да се брани од слобода. Затоа и е донесено и решението за прекин на притвор. 

Притворот е укинат поради пропусти во законската регулатива и слободата на толкување на одредени членови. Судот не успеа во законскиот рок од една година да донесе правосилна пресуда за случајот, па од вчера Угреновиќ е на слобода.

Во Македонија сличен ваков случај имаше со убиството на Мери Јошевска. Обвинетиот Миле Хаџиски во 1993 година ја убил Мери Јошевска нанесувајќи и 40 убоди со нож по целото тело. Миле Хаџиски од притворот не ѝ избегал на полицијата, ниту им избегал на затворските чувари. Тој тогаш ги искористил недореченостите во законот во однос на максималното траење на притворот од 30 дена за полесни кривични дела и 90 дена за дела од најтежок вид. Хаџиски со лажен идентитет успева да избега во Франција и во последните 20 години живеел на релација Франција –Швајцарија. Во август, 2015 по 20 години бегство, Хаџиски беше екстрадиран во Македонија. Ќе се повтори ли историјата на овој случај или пак обвинетиот Угреновиќ ќе дојде на следното судење. Останува да видиме дали ќе тој ќе се појави на закажаното судење во септември во судот во Охрид, пишува МКД.мк. 

Семејството на убиеното момче од Охрид, вчера изјавија дека се револтирани од одлуката на судот.

 -Крајно сме револтирани од срамната одлука на Основниот суд Охрид да го укине притворот на убиецот Бојан Угреновиц. Тој призна дека го уби Димитар пред истиот суд и беше осуден на 16 годишка затворска казна во декември. Да,постојат дупки во законот но судиите имаа можност да донесат поинакво решение и да најдат некаков начин да го продолжат притворот ако сакаа. Посебно дека се работи за странски државјанин кој многу лесно може да избега од државата, ако веќе не избегал и никогаш да не се појави на судење во Охрид.

 

Социјалните мрежи горат со стотици коментари од револтурани и загрижени граѓани од ваквиот развој на настаните, и посебно што со одлука на суд ,убиец е на слобода и може да го повтори делото. 

 

Матилоски се сомневаат дека Битолска апелација му овозможила на убицот можност да помине неказнето.

 

-„А за апелациониот суд во Битола, јасно им стана на сите дека судиите од Битолска апелација работат во интерес на убиецот и му помагаат нему и на неговиот адвокат Дончо Наков.Како можеа да си дозволат, дали имаат совест, 5 судии од Битолска апелација да ја укинат пресудата од 16 годишна затворска казна, ја укинаа и жалбата за продолжување на притвор.Каква поуката испратија судиите со ова? Убијци може да се шетаат на слобода во Македонија а овдешниот закон и судии ги штитат интересите на убијците а не на оштетените.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани